Велика Британија смета дека реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно овој месец е изборна измама. Лондон ќе работи со меѓународни партнери за санкционирање на одговорните. Тоа го изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.
– Светот е згрозен од насилството што го користат белоруските власти за да ги уништи мирните протести што следуваа по овие фалсификувани претседателски избори, изјави денеска Раб.
– Велика Британија не ги признава резултатите, додаде тој.