петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лоша вест за пушачите: Се забранува овој вид на цигари на целата територија на ЕУ

Лоша вест за пушачите: Се забранува овој вид на цигари на целата територија на ЕУ

Во Европската унија од денес е забранета продажбата на цигари со вкус на ментол, после четири години нивно постепено повлекување од пазарот.

Директивата за тутун, усвоена во 2014 година, стапила на сила во 2016 година, но производите со пазарен удел поголем од три отсто, како цигарите со вкус на ментол, биле исклучок до денес.

Овој вид на цигари имал пет отсто удел во пазарот во 2012 година и нејзиниот удел постојано растел од почетокот на 21 век, што ги загрижувало законодавците. Меѓутоа, нивниот удел на пазарот во 2018 година и понатаму бил пет отсто.

Научните истражувања покажале дека аромите како ментол, ја олеснуваат инхалацијата и можат да ги поттикнат младите да пушат. Тоа исто така создава поголема зависност.

ЕУ била вознемирена бидејќи статистиките покажувале 700.000 случаеви на прерана смрт поради пушењето, паралелно со намалениот број на пушачи во Европа со 40 отсто во 2002 година и 28 отсто во 2012 година.