„Луфтханза“ откажува дополнителни 2.000 летови од Франкфурт и Минхен ова лето, објави денеска водечкиот германски авиопревозник, наведувајќи ги како причина недостигот на персонал на аеродромот, како и тековната пандемија на Ковид-19.
„Луфтханза спроведе голем број мерки и вработува дополнителен персонал секаде каде што е можно за да обезбеди најголема можна стабилност на распоредот на летови и на тој начин да им понуди на своите патници најдобра можна безбедност при планирањето“, соопшти компанијата.
Тие додаваат дека „штрајковите за безбедност на летовите, лошите временски услови и, особено, зголемената стапка на инфекција со коронавирусот дополнително го оптоварија системот“.
„Луфтханза“ објави дека дополнителните откажувања влијаеле на летовите особено во прометните попладневни и вечерни часови. (МИА)