петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад врз Белорусија

Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад врз Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја, во момент кога тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат.

Зборувајќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко кажа дека им наредил на своите вооружени сили во случај на напад врз Белорусија да ги земат за цели „центрите на одлучување“ во западните престолнини, пренесе белоруската агенција Белта.

-Не не закачајте и ние нема да ве закачаме, рече тој.

– Доколку само се осмелите да нападнете, како што тие планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромот, пистите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде моментален. За една секунда! Имаме за што да одговориме, рече Лукашенко и нагласи дека центрите се на дофат на ракетите и дека нема да гледаат кој седи во канцелариите или палатите, туку дека одговорот ќе биде недвосмислен.

Тој изјави и дека негова задача како претседател е да ја заштити земјата, пренесе Белта.

И покрај фактот дека Русија ја започна војната во Украина, Москва и нејзиниот верен сојузник Минск постојано се обидуваат да се прикажат себеси како жртви на наводната непријателска политика на Западот и НАТО. (МИА)