Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска е пуштен од болница, откако му беше направена операција за отстранување на потенцијално преканцерозните израстоци на гласните жици.
Лекарите од болницата „Сирио Либанес“ во Сао Паоло, каде пред 11 години Лула беше лекуван од рак на грлото, изјавија дека израстоците може повторно да се појават со иритации или при постојана изложеност на чад од тутун или алкохол.
Таквите појави ретко се развиваат во рак.
Лекарите на Лула појаснија оти не откриле неоплазма или знаци на абнормален раст на клетките.