Големиот базен за ладење во нуклеарната централа Запорожје, лоциран во близина на браната што вчера експлодираше, е полн и има доволно вода за неколку месеци, соопшти вчера Агенцијата за атомска енертгија на ОН (МААЕ).
Горниот дел од големата брана од советската ера во близина на нуклеарна централа во јужна Украина вчера беше пробеин, испуштајќи вода и поплавувајќи ја низводно воената зона, што и Украина и Русија го опишаа како намерен напад од другата страна.
Вештачкото езеро зад браната обезбедуваше вода што се користи за ладење на јадрото на шесте реактори во најголемата европска нуклеарна централа, како и за потрошено гориво и дизел генератори за итни случаи што мораа постојано да се користат кога надворешното напојување ќе испадне од системот.
-Постојат бројни алтернативни извори на вода. Главниот голем басен за ладење се наоѓа веднаш до тоа место над нивото на вештачкото езеро, рече шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во изјава по пробивањето на браната Каховка.
„Водата од езерото треба да обезбеди доволно вода за ладење за неколку месеци“, рече Гроси, додавајќи дека неговата агенција ќе го потврди тоа „многу скоро“.
Во друга изјава подоцна, МААЕ соопшти дека базенот е полн и дека има доволно вода за „неколку месеци“, бидејќи шест од реакторите на централата моментално се затворени.
-Затоа, од витално значење е овој базен за ладење да остане недопрен. Не смее да се направи ништо за потенцијално да се загрози неговиот интегритет. Ги повикувам сите страни да се погрижат да не се стори ништо за да се загрози, рече Гроси.