петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МААЕ во Украина ги истражува руските наводи за производство на валкана бомба

МААЕ во Украина ги истражува руските наводи за производство на валкана бомба

Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска започнаа со проверка на две локации каде руските власти тврдат дека Украина произведува валкана бомба.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси изјави дека инспекциите започнале на две локации во Украина и ќе бидат завршени наскоро.

Украина ги побара тие инспекции по руските обвинувања.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу неодамна имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

Шојгу им ја пренел на колегите својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад.

Украина и западните земји тоа го гледаат како закана од Русија, за која постои сомневање дека може сама да искористи „валканата бомба“ под тој изговор.

Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозијата.