понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мадуро ја отвори венецуелската граница со Колумбија

Мадуро ја отвори венецуелската граница со Колумбија

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди повторно отворање на границата со Колумбија на западот на земјата, каде е натрупана хуманитарна помош од меѓународната заедница, која Каракас не сака да ја преземе.

„Врз основа на нашето суверено право, наредив во сабота повторно да се отвори границата со Колумбија во државата Тачира“, објави Мадуро синоќа на Твитер. Тој не прецизираше дали мостовите на границата ќе бидат отворени за промет, откако во август 2015 година беа затворени откако беа ранети двајца венецуелски војници.

Мадуро нареди целосно затворање на копнената граница со Бразил и Колумбија, како и прекин на поморските и воздушните врски со холандските антилски острови во февруари, неколку дена пред најавената хуманитарна помош од САД, под покровителство на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Врските меѓу Венецуела и Колумбија, кои споделуваат 2.219 долга граница, беа прекинати на 23 февруари откако колумбискиот претседател Иван Дуке му даде поддршка на опозиционерот Гуаидо.(МИА)