Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, нема да се појави на церемонијата на збогувањето на Доналд Трамп во базата Ендрус, потврдено е од неговиот кабинет, пишува Си-Ен-Ен.
Според календарот на неговите обврски, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден во Вашингтон, така што тој не може да биде на две места истовремено, изјави извор за Си-Ен-Ен.
Трамп утрово ќе полета со хеликоптер од Белата куќа и тоа ќе биде можност Пенс да се збогува од него.
На Твитер, Пенс им се заблагодари на Американците за привилегијата четири години да бидат потпретседател на Соединетите држави и сподели фотографии направени за време на неговиот мандат, но ниту една не го покажува претседателот Доналд Трамп.