недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мајка повторно во прегратка со бебето кое и беше одземено при кражба на нејзиниот автомобил (ФОТО)

Мајка повторно во прегратка со бебето кое и беше одземено при кражба на нејзиниот автомобил (ФОТО)

Фотографија од мајката која повторно е обединета со нејзиното четиримесечно бебе по кражба на нејзиниот автомобил, каде што на задното седишто било и бебето, денеска беше споделена од страна на полицијата во Вест Мидлендс.

Клер Онил била повредена откако се обидела да го извади своето бебе, Елиза, надвор од автомобилот кој во тој момент бил предмет на кражба.

Драмата се случила откако Онил (39) застанала со автомобилот во Бирмингем, па двајца мажи и се приближиле. Таа се борела со нив за да ја извади ќерката од автомобилот, но мажите го стартувале возилото, оставајќи ја Клер со повреди на лицето и нозете.

Полицијата веднаш почна потрага по бебето, а 45 минути подоцна, екипа на итната медицинска помош ја нашле Елиза во добра здравствена состојба во нејзиното седиште во автомобилот.