петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мајмуни каменувале маж до смрт

Мајмуни каменувале маж до смрт

Маж во Индија починал откако го каменувала група мајмуни. Станува збор за 72-годишниот Џарампала Синг, кој собирал дрва од земјата. Во тој момент на него група мајмуни почнале да фрлаат тули кои ги носеле од урнатата зграда во близина, јавува „Скај њуз“, повикувајќи се на „Тајмс оф Индија“.

Мажот кој го каменувала мајмуните починал во болницата од повреди на главата и градниот кош. Мештаните на Тикрија порано се жалеле на агресивните мајмуни кои во тие предели се заштитен вид.

Семејството на починатиот маж случајот го пријавиле во полицијата, а неговиот брат за „Тајмс оф Индија“ рекол дека мајмуните врз Џарампала фрлиле повеќе од 20 тули. Бидејќи тулите биле фрлени од високо дрво, ударите биле смртоносни.

-Овие битанги од мајмуни се вистинските виновници и мора да платат за тоа, рекол братот на починатиот маж.

Сепак, во полицијата, во која случајот е пријавен, имаат друг проблем.

-Како да покренеме случај против мајмуни? Ќе станеме предмет на потсмев,рекол полициски службеник.

„Скај њуз“ јавува дека нападите на мајмуните на населението во Индија се почести во последно време, додека стручњаците додаваат дека најчесто за нападите се виновни макаки од видот rhesus (Macaca mulatta).