среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон бара од Либија да не ги држи мигрантите во притвор

Макрон бара од Либија да не ги држи мигрантите во притвор

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика либиските власти мигрантите во транзит повеќе да не ги испраќаат во центри за притвор, туку да им обезбедат безбедно сместување.

Тој исто така соопшти дека вчера биле нападнати просториите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци во Либија, но не кажа детали за нападот.

Макрон се сретна со високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди и генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, откако претходно во Париз министрите за надворешни и внатрешни работи на  ЕУ разговараа за мигрантите кои во Европа доаѓаат од Либија.

Земјата стана главна транзитна рута за африканските мигранти и бегалци кои сакаат да стигнат до Европа преку Медитеранот.

Европската унија потроши стотици милиони евра за да ја опреми и обучи либиската крајбрежна стража и за да ги подобри условите во прифатните центри.

МИА