Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка со инвазијата врз Украина.
– Мислам, и му кажав, дека направи историска грешка за својот народ, за себе и за историјата, рече Макрон во интервју за француските медиуми.
– Мислам дека се изолираше. Да се изолираш е една работа, но да бидеш во состојба да излезеш од тоа е тежок пат, додаде Макрон.
Францускиот претседател повтори дека Русија не треба да се понижува, а исто така рече дека не исклучува посета на Киев.