вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон распиша референдум со кој климатските цели ќе бидат вклучени во Уставот

Макрон распиша референдум со кој климатските цели ќе бидат вклучени во Уставот

Откако партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење беше поразена во вториот круг од локалните избори од страна на Зелената партија, која издвои победи во неколку други големи градови, реши дека ќе распише референдум со кој климатските цели ќе бидат вклучени во Уставот.

Тој најави дека од буџетот на државата ќе бидат одвоени 15 милијарди евра наменети за зелената економија.

На состанокот со Граѓанскиот климатски совет, тој дополни дека наскоро ќе започне со воведување на политики што се во согласност со заштитата на животната средина.

– Предизвиците за нашата клима бараат да направиме повеќе, рече Макрон.

Францускиот претседател го поддржа и предлогот да се стави мораториум за изградба на нови трговски зони на периферијата на градовите и додаде дека ќе размисли за носење нов закон против „екосидите”.