вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон: Сакам најдобар можен однос со Велика Британија

Макрон: Сакам најдобар можен однос со Велика Британија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака најдобри можни односи со Велика Британија, додека тимовите на ЕУ и Велика Британија се обидуваат да постигнат договор за идните односи меѓу двете страни.

На заедничката прес-конференција со португалскиот премиер Антонио Коста, Макрон рече дека би сакал да се зачува и интегритетот на единствениот европски пазар.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан изјави дека и во овој момент тимовите на ЕУ и Велика Британија се обидуваат да постигнат договор за идните односи меѓу двете страни.

Фон дер Лајен, исто така, вели дека има напредок и повтори дека следните неколку дена ќе бидат одлучувачки.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера повтори дека најверојатно нема да има договор за трговски односи со Европската унија по Брегзит, и покрај фактот што претставниците на ЕУ посочуваат на одреден, иако бавен, напредок.

Тој ја повтори желбата да се постигне договор, но не по секоја цена и повтори дека секој договор мора да ги почитува независноста и суверенитетот на Велика Британија.