петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Mаксималната брзина до 30 км/ч ќе биде прогласена за светска норма?!

Mаксималната брзина до 30 км/ч ќе биде прогласена за светска норма?!

На конференцијата на СЗО во средината во февруари во Стокхолм, претставниците на државните министерства за сообраќај ќе ја утврдуваат нивната стратегија до 2030 година. Се очекува дека максималната брзина до 30 км/ч ќе биде прогласена за светска норма.

„Очекував негативни реакции, гестикулација на нервозни возачи, звук на свирежи додека пристигнував во Берлин. Но во градот, ништо од тоа. Сите возат внимателно, бидејќи во градот ограничувањето е до 30 км/ч“, пишува новинарот од редакцијата на B92.net.

Оваа мерка ја донесе Сенатот на овој германски град. Во Берлин живеат 3,7 милиони жители, а секоја година им се приклучуваат уште нови 20.000 жители просечно, па бројот на возилата, метежот и загадувањето на воздухот постојано се зголемуваат.

Берлин спаѓа во градовите во кои загадувањето е над просечните 40 микрограми на метар кубен. Според Светската здравствена организација, емисијата на штетните гасови во сообраќајот може да предизвика здравствени проблеми како што е астмата.

Портпаролот на Сенатот, Јан Томсен, за DW вели дека од април 2018 година, се експериментираше со брзината од 30 км/ч и година дена се мереше загадувањето на воздухот. Резултатот е дека емисијата на азод диоксид се намали за 2,3 микрограми на метар кубен, што одговара на намалувањето на концетрацијата на NO2 за четири проценти.

Кога станува збор за 2019 година, на сите мерни станици на градското централно подрачје во 2019 година е измерена помала просечна вредност отколку во 2018 година. Секој ден се мери квалитетот на воздухот за да се провери загадувањето.

Триесет километри на час за подобар воздух

Мерењата во последните три години покажаа на улиците во главното централно подрачје, количината на штетните гасови се намалуваше. По воведувањето на максималната брзина од 30 наместо 50 км/ч, NO2 се намали за 28 проценти. Овие вредности зависат и од временските услови, од сообраќајот и од однесувањето на учесниците во сообраќајот.

Дали ќе губите време доколку возите 30 км/ч?

Јасно е дека луѓето ќе си помислат дека доколку возат 30 км/ч ќе изгубат време во сообраќаен метеж и дека ќе задоцнат дома или на работа.

Но, различните мерења на автомобилскиот клуб ADAC покажаа дека со континуирано возење на сообраќајот, со паметно поставените кружни текови или семафори,во однос на брзина од 50 км/ч не се забележува разлика во времето поминато во возење.

Во почетокот на оваа година, и властите во Брисел соопштија дека од 1 јануари 2021 ќе се прошират зоните со максимална брзина од 30 км/ч. на целото подрачје во градот.

Во градот Понтеверда на северот во Шпанија уште пред 20 години е забрането да се возат автомобили во центарот на градот, а последната жртва во сообраќајна несреќа е забележана во 2007 година.

Kajgana