Африканската држава Малави, во која одгледувањето и трговијата со канабис е легално, официјално побара од боксерската легенда Мајк Тајсон да биде промотор на нивната локална индустрија.
Министерството за земјоделство соопшти дека „Малави има потреба од партнер во сложената индустрија на канабис“ и оти еден од најдобрите боксери на сите времиња би бил идеален за таа работна позиција.
Американското списание „Форбс“ неодамна објави дека Тајсон е вклучен во индустријата со канабис и регистрирал фирма за продажба на производи врз база на канабис во Соединетите Американски Држави.
На почетокот на 2020 година Малави се приклучи на листата африкански држави во кои користењето канабис во медицински цели е дозволено.
На африканскиот континент канабисот понекогаш се нарекува и „малависко злато“ бидејќи неговото одгледување со години беше илегално.