Кога канадскиот тинејџер Макс Веренка (13) од Ревелсток, Британска Колумбија открил потонат автомобил на дното на езерото Грифин, тој немал идеја дека ќе и помогне на полицијата да го реши 27-годишниот случај.
Веренка се наоѓал на езерото кога на длабочина од 4,5 метри забележал нешто што личело на превртено возило. Ја известил полицијата и ги однел на местото на настанот, а потоа се нурнал со неговата камера GoPro и снимил што пронашол.
Бидејќи било потврдено дека се работи за потопен автомобил, екипа на полициски нуркачи пристигнала три дена подоцна, зачудени кога го пронашле телото на 69-годишната Џенет Ферис од островот Ванкувер, која исчезнала пред 27 години.
„Ги одведовме со нашиот чамец и им го покажавме местото“, реколВеренка за CTV News.
Нуркачите ја извадиле регистарската табличка и се покажало дека автомобилот и припаѓал на Џенет Ферис, која исчезнала во 1992-ра година, додека со нејзиниот автомобил одела на венчавка во Алберта.
Полицијата не верува дека станува збор за кривично дело,туку дека слетала од патот за да не се удри во животно, а потоа паднала во езерото.