четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малта побара конфискација на германски хуманитарен брод

Малта побара конфискација на германски хуманитарен брод

Јавното обвинителство на Малта денеска побара од Суд во Ла Валета да нареди конфискација на бродот „Лајфлајн“, што го користи германска хуманитарна организација  за помош на мигрантите кои со несоодветни пловила се обидуваат илегално да преминат од Африка во Европа преку Средоземното Море.

Врз основа на барањето на Обвинителството, капетанот на бродот Клаус-Петер Рајш денеска се појави на рочиште во Судот во Ла Валета под обвинение за „користење на бродот во територијалните води на Млата без соодветна регистрација и лиценца“.

Рајш се товари и за „илегално влегување“ во територијалните води на Малта.

Судот реши Рајш да биде пуштен да се брани од слобода со кауција од 10.000 евра, како и да го остави пасошот кај судските служби и еднаш неделно да се јавува во полициска станица во Ла Валета.

„Лајфлајн“ во водите на Средозменото Море во близина на бреговите на Либија спаси 234 мигранти. Малта одбиваше да му дозволи на бродот да вплови во нејзино пристаниште, но на крајот сепак даде дозвола за тоа откако доби уверување дека осум членки на ЕУ ќе прифатат дел од мигрантите.

МИА