недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манијак се самозадоволувал пред малолетничка: Се појави ТАА и го претепа, лекцијата ќе ја памети цел живот (ФОТО)

Манијак се самозадоволувал пред малолетничка: Се појави ТАА и го претепа, лекцијата ќе ја памети цел живот (ФОТО)

Џојс Виеира се упатила на полиција, пријавила маж, а потоа се раскажала за бразилските медиуми. Манијакот набргу бил пуштен на слобода, а против него е покрената пријава поради полово вознемирување на јавно место.

Го предупредила да престане, па признала дека ја загубила контролата над себе кога одбил и уште и дофрлил сексистички коментар. Мажот кој се самозадоволувал во јавност пред неа и нејзината колешка додека позирале пред објективот на фотоапаратот го удрила, а кога тој и вратил потполно „ја обземало“ и го претепала како „на мртво“.

Џојс Виеира (27) е позната под прекарот Принцезата Фиона и е сопственичка е на црн појас во категроијата БЈЈ, претепала сексуален манијак кој потоа избегал, а откако целиот инцидент се смирил Џојс дознала дека манијакот мастурбирал и пред 12-годишно девојче.

Отишла во полиција, го пријавила немилиот настан, а потоа се’ раскажала за бразилските медиуми. Манијакот набргу бил пуштен на слобода, а против него е покрената пријава поради полово вознемирување на јавно место.

-За жал, последните денови ми се јавија многу жени кои ми рекое дека се нашле во слични ситуации и дека се плашеле да ги пријават своите злоставувачи. Казните мораат да бидат поостри, многумина премолчеле од страв бидејќи знаеле дека истите луѓе наскоро повторно ќе ги сретнат на улица, рекла Бразилката.