Протестите од Иран, по смртта на 22-годишната Махса Амини, се проширија од Иран низ целиот свет. Поддршка на Иранките им даде и Марџ Симпсон.
Фотографиите на кои Марџ си ја крати нејзината препознатлива коса се прошири на социјалните мрежи.
Многумина забележаа како изразот на лицето на цртаниот лик од серијата „The Simpsons“ најпрвин е тажен, а потоа се менува. Добива полут израз.
Актерки, пејачки, сопруги и мајки ширум светот си ја скратија косата во знак на поддршка на Иранките кои протестираат против носење хиџаб. За многу жени во Иран, кратењето на косата, која е знак на убавина и мора да се сокрие, претставува облик на протест.
„Сакаме да им покажеме дека не ни е грижа за нивните стандарди, нивната дефиниција за убавина или како тие мислат дека треба да изгледаме“, вели 36-годишната Фезех Афшан, хемиски инженер од Иран, а живее во Болоња, Италија.
Таа додава дека во иранската литература кратењето на косата е симбол на жалост, а понекогаш и симбол на протест.
„Ако со кратењето коса може да покажеме колку сме лути, тоа и ќе го направиме“, вели таа.