петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марио Драги ја доби довербата

Марио Драги ја доби довербата

На италијанскиот премиер Марио Драги вчера му е изгласана доверба во Долниот дом на Парламентот, со што ја отстрани и последната пречка на патот кон преземање на власта.

Претставничкиот дом му изгласа доверба со големо мнозинство од 535 гласови „за“ и 56 „против“, а крајната десница, односно партијата „Браќа на Италија“ е единствената голема партија која се спротивстави на поранешниот претседател на Европската централна банка.

Драги положи заклетва минатата недела по падот на владата во јануари поради спорот околу трошењето на средствата за закрепнување од епидемијата на коронавирусот.

Во средата му беше изгласана доверба во Горниот дом на Парламентот, каде што го одржа својот прв говор како премиер, наведувајќи ги неговите политички приоритети, вклучително и справување со пандемијата на Ковид-19 и економската криза. (МИА)