Украинската контраофанзива против руските сили ќе биде тешка и „многу крвава“, оцени претседателот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Марк Мили, пренесе денеска Би-Би-Си.
Генералот Мили рече дека не е изненаден што напредувањето на украинските сили е побавно од очекуваното, но додаде оти Украина „постепено напредува“.
-Тоа оди малку бавно, но тоа е дел од природата на војната, изјави тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела призна дека офанзивата напредува бавно.