четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мас: Протестите за отворено и слободно општество се важен сигнал за единство

Мас: Протестите за отворено и слободно општество се важен сигнал за единство

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестите за отворено и слободно општество најавени за денеска во Берлин се важен сигнал за единство.

– Ние нема да дозволиме да се разделиме, особено од десничарските популисти, изјави Мас за весниците од медиумската група „Функе“.

Тој рече дека мнозинството Германци ја поддржуваат толеранцијата и отвореноста кон светот и додаде дека новиот национализам нема да реши ниту еден проблем.

– Разновидноста на културното наследство, бојата на кожата, религијата го збогатуваат секојдневниот живот, а не нѐ загрозуваат, рече Мас.

Се очекува на демонстрациите да присуствуваат десетици илјади демонстранти. Тие се насочени против говорот на омраза, дискриминацијата и опасностите на бегалците во Медитеранот при нивните обиди да стигнат до Европа.

Организатори се групи активисти обединети под името „Независни“.(МИА)