Повеќе од 30 цивили, меѓу кои и жени и деца се убиени, а телата им се запалени во мјанмарската сојузна држава Кајаха.
Локалните жители и организациите за заштита на човековите права потврдија дека во близина на селото Мо Со пронајдени се изгорени тела на внатрешно раселени лица, кои биле убиени од припадници на армијата на Мјанмар.
Армијата на Мјанмар соопшти дека во селото Мо Со убила „вооружени терористи“ од редовите на опозициските вооружени сили.
Кризата во Мјанмар трае од февруари кога беше со воен удар беше соборена владата на Аунд Сан Су Чи. По масовните протести армијата голем број противници ги прогласи за предавници и терористи. Ширум земјата се појавија многу локални сили на отпорот.