Кинеската полиција соопшти дека трага по маж кој убил седум лица во градот Вухан, а потоа скокнал од мост.
Осомничениот 39-годишник убил петчлено семејство, а потоа уште две лица при бегството, соопшти полицијата во Вухан.
Тој во неделата вечерта дошол во домот на привремениот секретар на владејачката кинеска Комунистичка партија во едно село во близина на Вухан, тврдејќи дека треба да реши нешто со него. Секретарот на партијата и неговата сопруга биле пронајдени мртви, како и нивната снаа и двајца внуци.
При бегството, осомничениот убил и случаен минувач и возач кому му го украл автомобилот.
Убиецот побегнал до мостот на реката Јанг Це, од каде скокнал во реката вчера рано утрината.