петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Масовен помор на риби во чешката река Таја

Масовен помор на риби во чешката река Таја

Чешките рибари и пожарникари денеска почнаа да ги отстрануваат пцовисаните риби од реката Таја по смртоносното цветање на алгите.

Се претпоставува дека најмалку една недела ќе се расчистува реката во близина на Брецлав од десетиците тони пцовисани риби.

Рибите се жртви на експлозивното ширење на сино-зелените алги или цијанобактерии, потпомогнати од неодамнешните високи температури. Како што се шират алгите, тие трошат сè повеќе кислород во водата, поради што рибите се задушуваат. Поради горештините водата во реката Таја достигна до 24 степени Целзиусови.