Во грузискиот главен град Тбилиси десетици илјадници луѓе синоќа протестираа против можното враќање на поранешниот претседател Михаил Саакашвили, три дена пред вториот круг од претседателските избори на 28 ноември, јави ДПА.
Организаторите на протестот велат дека над 90.000 луѓе демонстрирале против опозицискиот кандидат Григор Вашаѕе, поранешен министер за надворешни работи. Во предизборната кампања тој вети дека ако биде избран, ќе го помилува Саакашвили, кој е осуден на шест години затвор поради злоупотреба на власта и сега живее во Холандија.
Вчерашниот протест беше организиран од опозициската Алијанса на патриоти. Претседателката на партијата Ирма Инашвли изјави дека Грузија не треба да се враќа во „ерата на конфискација на сопственост и тортура” и ги повика Грузијците да ја изберат за претседателот Саломе Зурабишвили која е противкандидат на Вашаѕе. Зурабишвили е поранешна амбасадорка на Грузија во Франција.
МИА