Обвинителите во Италија официјално го обвинија поранешниот премиер Матео Ренци за незаконско финансирање политичка партија.
Обвинителите во Фиренца велат дека на Ренци треба да му се суди по истрагата за наводните нерегуларности во финансирањето на Опен, фондација која помогна да се издигне од градоначалник на Фиренца до премиер на земјата и лидер на левичарската Демократска партија, сега лидер на центристичката Италија Вива, пишува Политико.
Како што се наведува, во рамки на истрагата обвинети се уште 10 лица, меѓу кои парламентарци, бизнисмени и поранешен претседател на фондацијата, а меѓу кривичните дела кои се товарат се незаконски финансирање партии, корупција, перење пари и вршење влијание.
Во истрагата се вклучени и четири компании, меѓу кои и British American Tobacco Italia.
Според обвинителите, „Опен“ се однесувал како да е дел од Демократската партија и добил 3,5 милиони евра средства кои биле потрошени за поддршка на политичките активности на Ренци и неговите сојузници. Подготвителчното рочиште ќе се одржи на 4 април кога истражниот судија ќе одлучи дали судењето ќе продолжи.