четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико

Матис одобри испраќање на војска на границата со Мексико

Секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска одобри испраќање војска на границата со Мексико за да се спречи караванот нелегални имигранти кои доаѓаат од Јужна Америка, јавија дел од американските медиуми.

Според извори на Си-Ен-Ен, Матис се уште не одлучил за бројот на војници, но вчера се говореше за бројка од 800 војници.

Претседателот Доналд Трамп, ситуацијата со караванот мигранти, кој преку Мексико се приближува кон границата на САД, вчера ја оцени како „национална вонредна состојба“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

„Испраќам војска за таа вонредна ситуација. Тие (имигрантите) ќе бидат запрени!“, напиша Трамп на Твитер вчера.

Подоцна тој во нова порака се обрати до имигрантите: „Вратете се назад, нема да дозволиме нелегален премин во САД. Вратете се во својата земја и ако сакате, поднесете документи за државјансто како што тоа го прават милиони други.“

Се поменува бројка од 800 до 1,000 војници, но според законот тие се спречени да замет учество во пограничната служба. Според Си-Ен-Ен, тие имаат само право на самоодбрана и не можат да користат оружје за стопирање на нелегалните имигранти.

Војската ќе бидат испратени на границата со Мексико за техничка поддршка  на неколку пунктови долж границата. Исто така, армиските служби може да пружаат медицинска помош на граничарите во тој реон. (МИА)