петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Матис: Војниците да останат на границата со Мексико до 31 јануари

Матис: Војниците да останат на границата со Мексико до 31 јануари

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис одобри да се продолжи до 31 јануари распоредувањето на активните американски војници на јужната граница со Мексико, соопшти Пентагон.

Барањето за продолжување од 45 дена беше упатено од МИнистерството за внатрешна безбедност.

Војници се распоредени долж Калифорнија, Аризона и Тексас.

Според неименувани претставници бројот на војници би требало да биде намален на околу 4.000 од 5.400.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно нареди распоредување на активни војницин а границата со Мексико, како одговор на краванот мигранти кои од земјите од Централна Америка се движат кон САД.

МИА