вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маж ја прокоцкал цела фамилија, а селскиот Совет донел ужасна одлука

Маж ја прокоцкал цела фамилија, а селскиот Совет донел ужасна одлука

Еден човек по име Мошин ги прокоцкал жена му и двете деца во Њу Делхи, по што победникот се обидел да ги земе.

Сепак, жената се спротивставила, по што бил свикан Совет каде што било одлучено дека може да земе едно дете за да ги врати долговите.

Како што пишува „Дејли мејл”, инцидентот се случил во 2015-та година, но полицијата одбила да го прифати случајот дури оваа недела.

Индијката била разведена од сопругот кој го прокоцкал своето дете. Како што пишуваат локалните медиуми, Мошин, кој е познат како зависник од коцка, изгубил на коцка од одреден Имран.

Во еден момент, како удел,  ја ставил својата жена и двете деца и загубил, а Имрам потоа дошол во неговата куќа за да го земе пленот.

Селскиот совет направил уште една неверојатна одлука дека една жена и едно дете може да останат, но дека друго дете Имран може да го земе.

Жена која не е именувана, била во брак со Мошид од 2012 година и веднаш побарала развод, по што се омажила за еден млад човек од друга област во Њу Делхи.

„Дејли мејл” објави дека сака да поднесе тужба, но полицијата ја спречувала да го стори тоа две години, бидејќи не сакале да го преземат случајот.

На крајот, таа поднеле барање пред Окружниот суд, а во понеделникот судијата им нареди на службениците да го истражат случајот.

Полицијата сега отвори досиеја и го бара обвинетиот кој оттогаш го напуштил домот.