Медицинската сестра од Лондон, Жозефин Ијаму, е осудена на 14 години затвор поради обид да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, со закана со вуду обреди.
– Покажавте целосен презир кон добронамерноста на тие жени. Не ги сметате за човечки битија, туку за робови кои треба вам да ви носат пари, изјави судијата Ричард Бонд при изрекувањето на пресудата.
Ијаму, позната и како Мадам Сандра, има свои вили во Бенин и Нигерија, каде своите жртви ги наведувала на проституција, уценувајќи ги со своите вуду обреди. Притоа, таа ги заплашувала, за да ја наложи својата моќ.
– Жените се плашеле дека ним или на нивните семејства ќе им се случи нешто лошо ако не ги прифатат заканите од Британката.