Медиумскиот тајкун Џими Лај, е осуден на уште 14 месеци за неговата улога во продемократските протести во Хонг Конг во 2019 година.
Лај (73) и уште деветмина беа осудени за поттикнување на неовластени протести. Тој веќе беше осуден на 14 месеци затвор на почетокот на оваа година, исто така, за учество во протести.
Антивладините протести во Хонг Конг во 2019 година доведоа до остра реакција на кинеската Влада, која во јуни 2020 година донесе строг закон за национална безбедност за Хонг Конг. Продемократските активисти и граѓаните ова го протолкуваа како укинување на автономијата на Хонг Конг.