Главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Федерацијата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот, јавија руските медиуми, според кои, тој ова го кажа за време на посетата на Виетнам.
Медведев често пати дава остри коментари, а минатиот месец украинските власти ги опиша како заразна болест.
-Овој конфликт ќе трае многу долго, најверојатно со децении, рече Медведев.
„Се додека постои таква власт, ќе има, да речеме, три години примирје, две години конфликт и сè ќе се повторува“, продолжи тој, повторувајќи го тврдењето на Москва дека Украина е нацистичка држава.
Медведев во јануари се закани дека дека доколку Русија биде воено поразена, таа може да предизвика нуклеарна војна.