петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Механизмот за прекугранична помош на ОН за Сирија истече без договор во ОН

Механизмот за прекугранична помош на ОН за Сирија истече без договор во ОН

Механизмот за прекугранична хуманитарна помош на ОН, од витално значење за милиони луѓе во областите под контрола на бунтовниците во Сирија, истече поради немање гласање во Советот за безбедност на ОН за продолжување на тој мандат.

Гласањето првично закажано за петок, а потоа во понеделник, повторно е одложено за денеска, соопшти доцна синоќа британското претседателство со Советот за безбедност на ОН.

Членовите на Советот за безбедност на ОН со денови се обидуваат да најдат компромис за да го продолжат механизмот што овозможува од Турција, без овластување од Дамаск, да се испраќаат храна, вода или лекови до жителите на северозападна Сирија.

Механизмот, создаден во 2014 година, им овозможува на ОН да достават хуманитарна помош до населението во областите под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, без овластување на сириската влада, која редовно ги осудува кршењата на нејзиниот суверенитет.

Според повеќе дипломатски извори, резолуцијата што минатата недела ја подготвија Швајцарија и Бразил има за цел да ја продолжи за една година, како што побараа хуманитарните работници.

Сепак, Русија, која стави вето на едногодишното продолжување во јули 2022 година, инсистира продолжувањето да биде само за шест месеци.