сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меј не доби поддршка за договорот за брегзит

Меј не доби поддршка за договорот за брегзит

Британската премиерка Тереза Мај доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Нејзиниот договор доби 202 гласови наспроти 432 „против“.

Гласањето еднаш беше одложено во декември откако Меј тоа го побара заради немање поддршка.

Британскиот опозициски лидер повика на гласање доверба на владата на Меј.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека исходот од гласањето во Парламентот на Британија зголемува ризик од брегзит без договор.

По неприфаќањето на договорот можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.

Пред гласањето, последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и размена на остри реплики. Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.