понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меј: Нема да има втор референдум за Брегзит

Меј: Нема да има втор референдум за Брегзит

Нема да има втор рефрендум за Брегзит, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.

– Британскиот народ гласаше да ја напушти Европската Унија. Нема да има втор референдум…под кои и да се околности, изјави портпаролот.

– На 6 јули британската Влада постигна договор за позицијата за преговори за иднисте односи на Обединетото кралство и ЕУ после Брегзит, изјави Тереза Меј.

Министрите го поддржаа планот за создавање зона на слободна трговија за индустриската и земјоделската стока со ЕУ, врз основа на заеднички правилник, како и „комбинирана царинска територија“, пренесе Би-Би-Си.

МИА