понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меј предупредува на можна катастрофа за државата aко не биде прифатен нејзиниот предлог за напуштање на ЕУ

Меј предупредува на можна катастрофа за државата aко не биде прифатен нејзиниот предлог за напуштање на ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј ги предупреди  пратениците дека евентуално отфрлање на нејзиниот предлог за напуштање на Европската унија би имало катастрофални последици за државата.

Меј упати повик само два дена пред гласањето во Парламентот.

Засега според британски медиуми, нема јасен знак дека Меј ќе добие поддршка во Парламентот.

– Пратениците не треба да ги разочараат луѓето кои гласаа за брегзит, нагласува Меј во статија во Сандеј експрес.

– Такво нешто би било катастрофално и недозволиво за довербата во нашата држава…Затоа мојата порака кон Парламентот овој викенд е јасна: време е да заборавиме на игрите и да направиме тоа што е добро за државата.

Министерот за надворешни работи Џереми Хант во петокот изјави дека ако договорот биде отфрлен може воопшто да не се случи брегзит.