вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меј преговара со пратениците за измени во „планот Б“ за Брегзит

Меј преговара со пратениците за измени во „планот Б“ за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј води преговори со претставници на пратениците во Парламентот во Лондон, посветени на измени во нејзиниот „планот Б“ за Брегзит, со цел да обезбеди парламентарна поддршка за предлогот, соопшти денеска портпарол на Даунинг Стрит 10.

Тој истакна дека Меј ќе мора да прифати промени во нејзиниот „план Б“, доколу сака да ја добие поддршката од пратениците и да спречи Брегзит без договор.

Според најавите, Меј денеска до Парламнетот треба да го достави својот „план Б“ за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, откако пратениците минатиот вторник го отфрлија Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го постигна со Брисел.

Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом во четртокот најави дека гласањето по „планот Б“ за Брегзит би требало да се одржи 29 јануари, но портаролот на Меј денеска истакна дека Владата ќе побара да се гласа по предлогот дури откако ќе биде уверена дека може да добие поддршка за него.

МИА