Глобалниот синџир за брза храна Мекдоналдс објави денеска дека привремено ги затвора сите 850 локации во Русија, и им се приклучува на бројните западни бизниси кои ја напуштија Русија по нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина.
– Конфликтот во Украина и хуманитарната криза во Европа предизвикаа неискажливо страдање на невините луѓе, рече извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во изјавата до која дојде Радио Слободна Европа.
Кемпчински додаде дека корпорацијата со седиште во САД продолжува да ги поддржува своите вработени во Украина, вклучувајќи исплата на „целосни плати“ и придонесување со 5 милиони долари во фондот за помош на вработените.