Најмалку 16 пациенти загинаа откако поплавата потопи болница во центарот на Мексико. Снабдувањето со електрична енергија во медицинската установа беше прекинато, соопштија властите.
Болницата во државата Хидалго беше поплавена откако се излеа река по обилните дождови, објави мексиканската влада на Твитер. (МИА)