сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мексико почна консултации за барањето азил од сменетиот перуански претседател Педро Кастиљо

Мексико почна консултации за барањето азил од сменетиот перуански претседател Педро Кастиљо

Мексико почна консултации со перуанските власти во врска со барањето на довчерашниот претседател Педро Кастиљо да добие азил во оваа централноамериканска држава, соопшти шефот на мексиканската дипломатија, Марсело Ебрард.

Ебрард на Твитер напиша дека „амбасадорот на Мексико во Перу се сретна со Кастилјо во местото каде тој е притворен“, пренесоа британските медиуми.

Сменетиот претседател на Перу, Педро Кастиљо, вчера се појави пред судот по неуспешниот обид за распуштање на парламентот.

Кастиљо ја загуби власта за само три турбулентни часа откако синоќа со декрет се обиде да го распушти Конгресот.

Парламентот екстресно го смени од власта со гласање, а полицијата набрзо потоа го приведе.