сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мелони доби мандат да формира влада на Италија

Мелони доби мандат да формира влада на Италија

Лидерката на партијата „Браќата на Италија“, Џорџа Мелони го прифати мандатот за формирање на следната италијанска влада, изјави денеска функционерот од италијанското претседателство Уго Кампети.

Ова и го отвори патот да стане првата жена премиер на Италија.

Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 септември.

– Џорџа Мелони го прифати мандатот и ја претстави својата листа на министри, изјави Кампети за новинарите откако Мелони ги заврши консултациите со италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата.

Новата влада официјално ќе положи заклетва утре претпладне, по што пратениците следната недела ќе гласаат за доверба на новата влада во двата дома на Парламентот.