Европските земји во иднина би можеле заедно да развојат нов систем на вооружување, кој вклучува борбени авиони и тенкови, порача германската канцеларка Ангела Меркел.
-Германија и Франција по тоа прашање се на самиот врв, изјавил Меркел во видео порака до нацијата.
Таа додала дека на германската војска и се потребни „соодветни финансиски средства“ за да одговори на актуелните предизвици.
Меркел истакнала дека станува се појасно дека во иднина европските членки на НАТО Алијанската ќе мора да превземат поголема одговорност.