понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меркел: Постигнат компромис – транзитни центри за мигрантите

Меркел: Постигнат компромис – транзитни центри за мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа соопшти дека на вчерашниот кризен состанок со најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада, Христијанско социјалната унија (ЦСУ), по „тешка битка“ е постигнат компромис за миграцијата, кој предвидува изградба на транзитни центри на границата на Германија со Австрија.

Според Меркел, договорено е од тие центри мигрантите ќе бидат вратени во земјите во кои претходно биле регистрирани,

– Со тоа е зачуван духот на партнерство во Европската унија, изјави таа, додавајќи дека истовремено ќе бидат преземени национални мерки, со цел подобро да се управува со миграцијата.

Лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер исто така потврди дека е постигнат договор за „илегална миграција“ и додаде дека останува министер за внатрешни работи на Германија.

– По интензивни разговори постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да спречиме илегална имиграција на границата меѓу Германија и Австрија, рече Зехофер по синоќешната средба со Меркел во  Берлин.

Тој претходно се закани со оставка на функциите министер за внатрешни работи и лидер на ЦСУ,, ако Меркел не прифати контрола на границата, што би опфатило и враќање на некои мигранти од германската граница.

МИА