Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна“. Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник.
– За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде федерален канцелар, изјави Меркел на митингот на нејзината партија во Минхен пред изборите в недела, според кои анкетите предвидуваат близок дуел помеѓу фаворитот на социјалдемократите и неговиот десничарски противник.
Таа истакна дека „не е важно кој раководи со Германија“, предупредувајќи кое сценарио би било доколку победи социјалдемократот Олаф Шолц, кој води на анкетите.
– Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада?, ги праша претставниците на ЦДУ и ЦСУ собрани во Минхен на последниот митинг од кампањата. Канцеларката го критикуваше зголемувањето на данок најавено од социјалдемократскиот кандидат, што може да ги натера германските компании да се преселат во Австрија или Холандија.
– Ова не е наша политика, нагласи канцеларката Меркел, додавајќи дека претпочита „политика што им овозможува на компаниите да останат во земјата и да отворат работни места – тука, за да напредува Германија“.