Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака од 15 јуни да биде укината вонредната гранична контрола воведена во Шенген зоната поради коронавирусот.
– Ако состојбата на заразата го дозволи тоа, сакам да повторам дека од 15 јуни граничните контроли во Шенген зоната можат целосно да бидат укинати, рече Меркел во Бундестагот.