Повлекувањето на американските војници од Авганистан го зголемува ризикот од нов терористички напад, каков што беше тој на 11 септември 2001 година во САД. Ова го изјави шефот на британската контраразузнавачка служба Кен Мекалум, пренесува Тајмс.
Според шефот на МИ5, одлуката на Вашингтон ги „оживеа и охрабри“ исламските екстремисти. Ова значи не само подигнување на расположението, туку и голема веројатност за прегрупирање на терористите за извршување посложени напади.
– Ризикот е дека тие ќе се ре-создадат и ќе не вратат пред добро дизајнираните комплексни заговори, како оние што ги сретнавме за време на нападите на 11 септември и во годините што следеа, рече Мекалум. (МИА)