четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милер: Германија е на добар пат, но нема да може да ја исполни целта за полнење на складиштата со гас

Милер: Германија е на добар пат, но нема да може да ја исполни целта за полнење на складиштата со гас

Германија повторно е на пат кон „пристојни“ нивоа на полнење на складиштата со гас, но малку е веројатно дека ќе ја постигне зацртаната цел за нивно полнење до 1 ноември, изјави денеска шефот на државниот регулатор Бундеснетцагентур, Клаус Милер.

Тој на Твитер објави дека заклучно со 23 јули, вкупното ниво на исполнетост била 65,91 отсто, а сегашната цел е до 1 септември магацинот да достигне 75 отсто исполнетост.

Минатата недела, германското Министерство за економија ја зголеми целта за полнење на складиштата, откако гасоводот Северен поток 1 продолжи со работа по 10 дена одржување, иако со капацитет од само 40 проценти.

Новите цели се 75 отсто пополнетост на складиштата до 1 септември, 85 отсто до 1 октомври и 95 отсто до 1 ноември, објави Министерството, истовремено воведувајќи мерки за заштеда на енергија, вклучително и забрана за греење базени во приватни домови.

Милер, од друга страна, денеска рече дека не верува дека е можно да се достигне целниот опсег меѓу 90 и 95 отсто од капацитетот за складирање до 1 ноември, објави Велт, цитирајќи учесници на состанокот за гас организиран од покраината Баден-Виртемберг.

На сегашното ниво на испорака на „Северен поток 1“, нивоата на складирање во најдобар случај би можеле да достигнат максимум од 80 до 85 проценти капацитет, пишува „Велт“.